Кој сега ќе ме препознае Во овој кафез од зборови и метал Под кожата што е само моја? (Додека го пресликувам јазикот на ѕверот Додека тајно ја шетам болеста во ѕверот Додека си ѕидам сон крај ѕверот Додека го смислувам посланието до ѕверот Додека испраќам потера по ѕверот Додека склучувам сојуз со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Сега сум сам меѓу овие корици Во оваа архитектура од претпоставки За изворот на светлината Што ме допира откосо Во иследувањата на мостот Под кој тече Долго тече обидот Да се наслика нечија смрт. (Додека ламентирам во крвта на ѕверот Додека рикам со планината во ѕверот Додека го враќам светот крај ѕверот Додека го оставам аманетот до ѕверот Додека пекам пеколно по ѕверот Додека во крзно заспивам со ѕверот Низ клучалката на книгата Ме читаат ѕверови, ѕверови, ѕверови.) Кој ќе ме препознае во овој кафез Од зборови и метал, со реа на пресна Моч од животно што ја слави слободата?
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
- Боже, оваа таинственост како да ми навестува нечија смрт, - се пресече Томо - Кажувај што се случило?! Без разлика колку е лоша веста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Значи свеќата уште сега треба да ја запалам за нечија смрт.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И со поширокото семејство, од земјата од која избегавме, поради затворената граница, комунициравме со телеграми- некролози кои, главно, објавуваа нечија смрт, на едната или на другата страна од границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гледаа до каде бранчињата го отиснале чунот на езерската шир и дали доволно се избегани од селото каде што понекогаш во утринската тишина ќе ја чуеја камбаната која огласуваше нечија смрт.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)