нечиј (зам.) - присуство (имн.)

Да имаш нос значи да можеш да намирисаш нечие присуство или да сфатиш каде си и со кој си, всушност, предвреме да видиш во што каша си заглавен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не беше сосема сигурен: повеќе наликуваше на здив од нечие присуство.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чув, не можеш од мене да скриеш те издаде нечие присуство: дека побрзо ќе гниеш од сите кои со тебе беа, а не го признаа твојот удел Иако во дните страв беше влеал успеа да го земеш само она што ѓаволот го нудел... 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)