Отпрвин, нешто измислувајќи, нешто украсувајќи, тој го воведуваше во занимливиот свет на своите доживувања, во кои човекот секогаш победува и се ослободува себеси од нечија волја.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од шкафот изваде стаклено полкилниче со ракија, со заби ја извлече плутената тапа од устинката на шишето и долго го мирисеше пијалакот, бавно замижувајќи со очите како да сакаше да затвори уште една завеса, за сосема да се оддели од светот на кој по нечија волја му припаѓаше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)