нему (зам.) - таа (зам.)

Беше задоволство да се дочекува сето она, што му го носеше нему таа разбодината југовина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А нему таа нејзина приврзаност кон него и сочувствување со неговата трагедија, му ја олеснуваше болката, му даваше утеха на разнебитената душа. Ѝ се радуваше кога ноќе ја сонуваше и кога во сонот господ му го враќаше видот и ја гледаше како што ја гледаше пред да ослепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше една добра игра, но нему таа не му беше многу весела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)