нему (зам.) - може (гл.)

Но, ова беше Игбал и нему можев сосема слободно да му го поставам тоа обично, а толку ретко употребувано прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нему можеше да му ја раскаже одисејата со сиџилите, започната уште пред болеста, во кабинетот на Мирон Донски, што траеше сѐ до денешниот ден.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Роднината Леонора, токму нему можела да му расветли уште многу поединости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нејзе, не бев сигурна веќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чувствував дека нему можам сè за Ивана да му раскажам, а нејзе...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)