некој (зам.) - посебно (прил.)

Важен е и еден друг аспект; имено, некои посебно радикални мејл- теоретичари одат толку далеку што сметаат дека демократичноста на мејл-артот е најсовршениот естетски барометар досега, т.е. колку пораки испровоцира нечие дело (и воопшто, самиот одговор на нечие дело веќе е признание) тоа значи дека е повредно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денес, меѓутоа, верувам дека во таа општа радост која не ме привлекуваше премногу, се случи нешто друго. 4Што? 4Не би знаел тоа да го именувам, некој тип на сеизмичко тресење кое дошло од голема оддалеченост и се пренело мошне далеку.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали мајските настани имаа некое посебно значење за вас?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А оној инцидент, иако е без некое посебно општествено значење, немаме корист да го прикриваме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку признавам, произлезе дека го искористив несреќниов случај само за да се изнаприкажам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Слушајќи ја птицата, не слушна како Даниел дојде со камионетот, ниту пак го забележа како дојде до неа, сè додека од некое посебно чувство не стана свесна за неговата блискост, и тогаш го крена погледот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и практиките што навидум биле континуирани во текот на многуте години можеби се понестабилни отколку што изгледа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Написот на Скот Џејмс е, всушност, многу информативен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие на другар ми му откриваат многу за тоа каков тип е дечкото со кој излегува, за природата на врската што му е судена – конкретно, каков ќе им биде сексот... на долг рок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Модел на машкиот геј-субјективитет заснован врз разбирањето на особената геј-привлечност на Бети Дејвис може, тогаш, и тоа како да се разликува од ограничениот и делумен модел на машкиот геј-субјективитет што го скицирав тука и што го извлеков од една реплика на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, не е некое посебно изненадување тоа што младичот кого го интервјуирал Џејмс вели дека бара врска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, написот не кажува многу-многу за тоа што навистина прават на Грajндeр над 25 000 геј-момци во Сан Франциско. (Ако, како што некој корисник на Грajндeр му рекол на еден друг новинар, го користиш Грajндeр првенствено за пријателства, ако само се вмрежуваш, „ако си таму само за да најдеш пријатели во несексуален контекст, што има да бидеш без маица на сликата?)“432 Но, многу говори за општествениот притисок што ги тера двене третини од тие момчиња да одрекуваат дека го користат Грajндeр за сексуални споеви.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знаеше кога и како почнал да ја љуби Македонија со сето свое битие – како и сите што ги знаеше, тој дома не чуваше знаме, немаше некое посебно чувство на државните празници, ниту пак го знаеше целиот текст на химната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Својот син пасош го покажуваше на оние граници што ги минуваше без некое посебно размислување, редовно на грчката (каде што му се чинеше дека не сакаат ни да го погледнат ни да го пофатат тоа проклето тетратче на кое пишува Republic of Macedonia), и тогаш на австриската (кога го вртеа толку ревносно, што речиси го научија напамет).
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја кренал здрвената рака забигорена до самото рамо и најпосле, како со туѓ показалец, го повлекол железното јазиче на кубурата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нацијата мора да биде една. И во некое посебно и нетривијално значење таа мора да се разликува од другите нации и луѓе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Си замислувате, веројатно, некој огромен илегален свет од заговорници кои тајно се среќаваат по визби, испишуваат пораки по ѕидовите, се препознаваат меѓу себе со лозинки или со некое посебно движење на раката. Ништо од тоа не постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Собите кај него беа распоредени доста далеку една од друга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако имаш некое посебно место, оди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За да не правам трошоци самиот си ги перев чорапите додека беше излезен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На научниот симпозиум насловен не многу претенциозно „Појави во движењата на етникумите“, научното соопштение загадочно насловено како „Наезда на сенките“ на професорот Седларски не привлече некое посебно внимание.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога престана да му плеска на она првомајско привидение Пепрутката, веројатно понесена од некое посебно чувство, ми го постави најчудното и најнејасното прашање: дали сум посакувал да учествуваме во некоја заедничка игра, игра во која ќе имало малку свеченост но многу возбуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поскоро би рекол дека ако не надвладуваше во тие случаи рамнодушноста тогаш барем беше присутна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа не се занесував дека ме предводело некое посебно чувство на задоволство или на загубеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не разбирам - реков. - Мислам на тоа колку сме млади и што сѐ може да си понуди младоста трагајќи по задоволства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако немате на ум некое посебно заедништво, тука се хронометрите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ова прецизирање на крајот од вашата книга Атеистички музеј има сигурно некое посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)