некој (зам.) - веќе (прил.)

Дрвјата напупија, а некои веќе и се променија со бели, розови и сини празнични алишта за да го пречекаат ергенот мај што поубаво.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Околу него е послано од круши - некои се јарко жолти, некои веќе гнијат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Некои грубо се наговараат, некои веќе лежат под смреките како што лежат волци и волчици во планинава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Привлечно мириса јадењето, со некој веќе одамна познат мирис, наш, во нашата куќа, така непосредно поврзан со мама, со нејзините спретни раце.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Мал бев, сега сум млад.“ „Болен си“, отстапи жената. „Кога лежеше не сонуваше крв.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сеедно, некој веќе ќе му ја скрши главата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои веќе се растовараат, сѐ што има во вагоните фрлаат надвор!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои веќе нашле засолниште од ветрот, маглата и дождот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Хичкок: „Интересно беше тоа што со искуството што го добив во американската организација „Фејмоус Плејерс” преминав во една сосема нова компанија, а не во некоја веќе постоечка организација, со утврдени правила на работа и организациони шаблони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)