Некој танок, некој плиток сон беше ме подзел. Колку за да го сонам Јона, човекот мој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа, не тргајќи се од некое танко брчење што се движело околу неговото уво со лет на недозгреан комарец, не можел да се одбрани од зборовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој се мачеше попусто да улови некоја танка жица во сето ова преплетено ткаење, што да го однесе со бешумна мелодија во пределите на сништата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Најпрвин не ги разбирал. Во него несовладливо бучела крвта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Испуштаат некои танки гласови, завлечени, небаре јарешко млекање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)