некој (зам.) - природен (прид.)

На тој начин, теориите за третиот пол ја срамнуваат разграниченоста меѓу полот и родот, а општественото го презапишуваат како природно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
4 Некој би рекол дека - во однос на одредена филозофска баштина во која секогаш била застапена некоја природна страна - вашата филозофска пракса помалку е обесхрабрувачка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се зафаќаат со разни практики што конвенционално се бележат како женствени или мажествени – но кои можеби немаат никаква врска со машкоста и со женскоста – и им ги потврдуваат родовите кодирања, а како резултат на тоа излегува дека секој припадник на другиот пол што ќе ги усвои тие практики со тој „родово нетипичен“ избор обелоденува во основата некоја природна состојба на сексуална меѓупоставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односно, ги земаат здраво за готово стандардните општествени дефиниции на родот и понатаму ги третираат, неизменети, како транспарентни одрази на природните факти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, склони се да ги избегнуваат така што го натурализираат општественото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто очекуваме филозофија таму кадешто ни е објаснето дека мора да станува збор за нешто друго што е во врска со филозофијата?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За кратко време сфатив дека и кај поетите она што тие го опејуваат не е плод на нивната мудрост, туку на некоја природна дарба или вдахновение, како што е случајот кај врачевите и пророците...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)