некој (зам.) - политички (прид.)

Тој е човек кој никогаш нема да се определи за некоја политичка партија или макар која и каква општествена опција.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нѐ претставија, не сакав да помислат дека не го познавам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа јас не гледам дека заради некоја политичка цел се вели, како Џонсон на пример, дека “разликата е облик на делување сѐ додека игра вон контролата на кој и да е субјект.” (Johnson 1980, p. xi).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еден ден, тој влезе во канцеларијата на градоначалникот, сигурно по некоја политичка работа, личеше на тип од изборен штаб, по малку вџашен, и изгледаше дека баш и не е среќен што ме гледа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Што и да е напишано на ливчето, мора да има некое политичко значење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само што помислив дека триумфирав дојдоа две малоумни горили ги испратил некој политички шпион ги начека Робинзон ги застрела в тилот Задоволни седнавме исецкавме купуз во чест на грдите погубени горили а потоа спремавме стратегија за напад следни беа политичките гниди
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)