некој (зам.) - отворен (прид.)

Околу мене се книгите, некои отворени, со белешки на маргините, други затворени, зар не реков веќе, како затворени куќи од кои повремено допира некој глас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како што заспа, така се најде на некој отворен, недефиниран простор, во една колку парадоксална толку и апсурдна ситуација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Наместената мекост и подбивност исчезна, а некоја отворена и груба жестина, која постојано се надолеваше, почна да ја заплискува одајата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)