некој (зам.) - општествен (прид.)

Ете зошто некое општествено движење втемелено врз геј-идентитет дефиниран преку исклучиво упатување на геј-луѓето – со неговите центри и организации на ЛГБТК заедницата, со неговите лезбијски списанија и романи и филмови и популарна музика и телевизиски емисии и кабелски канали, со неговите маала, барови, клубови, одморалишта и цркви, со неговите политички претставници, водачи, гласноговорници и лобисти за човекови права и улични маршови и демонстрации, со неговите теориски и академски пресврти, историски откритија, универзитетски предмети, истражувачки полиња – ете зошто, велам, сета таа комерцијална, политичка и културна инфраструктура на геј-идентитетот е вечно разочарување и прави многумина припадници на неговото тело да бидат трајно незадоволни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но правото што толку херојски го бранеше, имено правото како уметник да се одрекне од секоја обврска спрема некоја општествена вредност, било да станува збор за вистината, моралот или правдата, тоа право кое по саморазбирливост му припаѓа на уметникот на граѓанската епоха, [to zna~i da se bide не му припаѓа автоматски и на граѓанинот на gra|anin vo moderna de­ модерното општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И иако во расниот состав на таа култура силно преовладувале Белци, учесниците во неа не може да се исцртаат така што сигурно ќе се совпаднат со некоја општествена група, определена според расна, етничка, национална и возрасна припадност, според способноста, па дури и според сексуалноста. ‌Затоа, понатаму, нема да зборувам конкретно за машката геј-сексуалност на белечката американска средна класа, како што нема ни да претпоставувам дека припадноста кон машката геј-култура им е ограничена само на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Практично да се доведат во прашање, покренувајќи или учествувајќи во преобразбата на некоја општествена состојба или состојба на свест чијашто натурализација и деисторизација е во интерес на поединецот, да се постави прашањето за историчноста на структурите исто така е настан или ветување за некој филозофски настан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Освен во исклучоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)