некој (зам.) - необичен (прид.)

Кога му се причини дека оној на вратата не го разбира, уште еднаш, нестрпливо, без збор, му мавна со раката да влезе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старецот за миг стоеше, како да се обидуваше да го разбере неговото збивтање, кркорење и кашлање, но потоа, со некоја необична нестрпливост, речиси нервозно му мавна со раката да влезе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не ја натераа на тоа познатите драматични настани, туку некое необично чувство што ја обземаше додека лежеше на своето легло од сено, во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На платната беше учипчил некој необична темнина која фосфоресцентно светеше и му даваше уште поголема мистичност на просторот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Освен до темелните карактери“, рече вујко ми Герман со некоја необична цврстина во гласот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кај Миќо дома немаа боја, не можев пак да си ги светнам чевлите, и забележав дека со нив станува некоја необична промена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше во нив и некои необични траги од жолтило.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)