некој (зам.) - вистински (прид.)

Тоа „царство” не никнало од некоја вистинска побожност, или барем од некаква попромислена есхатолошка калкулација, туку како симболска реакција на еден историски пораз, кој се случил и пред практично да биде изведен (бидејќи, пред да се изведе тој веќе бил определен, вели легендата - единствениот историски извор за органицистот).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но иако малку поднапиен, тој очигледно преживуваше некоја вистинска и неподнослива несреќа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, за разлика од печатот и од „геј-медиумите“ кои сите вакви работи ги викаат „геј“ – ние сме дел од едно големо движење на момци – мажи што ги отфрлаат претставите дека „Мажите што љубат мажи автоматски се дел од некакво ’геј‘ нешто“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, нема тука да извадиме некоја вистинска етичка и интелектуална корист ако машки им покажуваме кој е кој, да им се правиме надмени или да се величаме себеси на нивна сметка – тоа е само бонус сеирче, кучкински ќеф, на кој е тешко да му одолееш.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За среќа, нема никаква потреба од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откриј зошто!349 Би било исто толку лесно колку што би било бесцелно да фатиш да ги зафркаваш луѓево – на пример, да речеш дека јуначкиот мажествен немар за убавините на интерпункцијата им е настрано неусогласен со сомнително разузданата, прилично емотивна, апла женствено претерана употреба на извичникот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој не покажа некоја вистинска загриженост, а повеќето само го запаметија тоа како прикаска со која домашните или соговорниците ќе ги забавуваат тие дена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)