Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Марин Крусиќ се покажа другар, и сенката што паѓаше врз ликот на Атиџе, тоа дека таа е најверојатно од друга вера, вешто ја осветлуваше со некои ведри, иако лесноумни забелешки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)