некој (зам.) - бескраен (прид.)

Сега, кога му се чинеше дека некому одамна умрен му го открива својот бог, оставаше да го лазат спомени и се мачеше да не шибне како дожд во својата исповед, како понекогаш кога ќе беше сам и згрчен во некоја бескрајна и болна тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не куќа, туку некој бескраен свет со илјада и триста илјади играчки, вакви и онакви.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Слаб плач се истргна од градите на девојченцето. Слаб, немоќен, како да доаѓа од некоја бескрајна длабина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Темната корија како да шепотеше некоја бескрајна сказна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)