Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Без интерес следеше: од масата на блондината се дониша до нив некој во „кариока“ кошула и со густи зулифи, зелен од јад и од месечина, и помоли или опцу (не знаеше) браќата да ја остават неговата девојка и да не ги забуцнуваат носовите во туѓо месо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По завршувањето на осмолетката, според успехот што го покажавме, нѐ распоредија некои во гимназија, некои во стручни училишта, а некои на занает.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И една ношја ојду јаска по трапо, по трапо и о, ниедно време, како некоја в’лчица, по мрако, втаса о ридо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Реку: - Јаска не разбервам. - Таа ми зборна нашински: - Од де си, сестро? - ме опита.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- О таја што се води бој, - му реку.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дено го помина о ена корија од д’мбја.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Само жените се растрчуваат по сокаците и чешмите или се собираат кај некоја во селото што добила писмо од мажот или синот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои војници се капат оголголи, а некои во долги гаќи и водата им ги надува гаќите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)