Повозрасните мажи од селото, кога немаа работа околу добитокот, доаѓаа тука, некои седнати на столчињата, а некои така простум од нозе ќе испиеа по некоја чашка ракија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се поднапија и по некоја чашка винце и си легнаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И нè носеше по кафеаните каде што имаше музика и пејачки; ќе тргневме некоја чашка, ќе се расположевме; ќе ги одврзевме кесињата во кои ги чувавме парите и ѝ нарачувавме песни на пејачката.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Не ставаше во пивото некоја чашка ракија? Не повраќаше на униформата?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Додека помалиот син се растрчуваше меѓу публиката да им угоди уште со по некоја чашка, која тие ја прифаќаа како коктел, а тој самиот си ја сфаќаше како задушница, една старица во црно, склопчена надве врз едно столче во ќошот, гледаше во празно задумана во тајната врска меѓу смртта на детето и мажот, во ѓаволската судбина на таткото кому пред очи му умира синот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)