Бргу презрева и ако не ја исколва некоја чавка, се ничкосува како сон или како јаве, сеедно.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не е да речеш розе како марула, ова црвено-црна, шербет блага неизвесност.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Само некои чавки и гаврани клечат на покривите на куќите и ме гледаат испуштајќи силни викотници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таму само некои гавраништа, некои чавки, се занесуваат ко намети чад, ко ниски облаци.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)