некој (зам.) - црква (имн.)

Го потпирав челото на тупаници и пак бев во собата под слабата светлост и меѓу сенки кога влезе Борис Калпак, поточно тој веќе беше во собата кога се тргнав од чинките на мртвите за кои не запаливме ни половина свеќа во некоја црква.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
О, сестро Чано, добро ни дојдовте! Ние со мајка Перса и Пеличка тркнавме до црквата Света Богородица, забрането е да се слават верски празници, ама во слободно време човек може да запали свеќа во некоја црква!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)