Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)