некој (зам.) - сцена (имн.)

Привлечноста на книгата е, се добива впечаток, во тоа што во разговорот меѓу двајцата синеасти има малку „директна” теорија, но затоа пак книгата изобилува со посебни ставови и согледувања кои, на прв поглед, се од „техничка природа” (како е снимена некоја сцена, зошто некоја секвенца е вака а не поинаку кадрирана итн.), но всушност често се разговара и темелно се про­ми­слува основната содржина на Хичкоковите дела (делови од оваа книга се и во Маргинава).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Благодарејќи на тоа, кога филмот беше готов, можев да ѝ се спротивставам на идејата за „делумно звучен филм” и ми дадоа потполна слобода повторно да снимам некои сцени.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)