Ама ете, во собата, ме фаќа некој страв и срам, вели и сета крв ми запира. Кон никаде не оди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Очекуваше, постојано со некој страв од секое свое движење, просто како да се вардеше да не го исплаши самото разденување, што газеше наоколу напрстечки со плаховит чекор на срна, а за сето време внимаваше да не испушти од својот поглед ниеден миг на ниеден од сртовите над себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој страв го фаќа од пукањето и само се крсти за да стане гуштерица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И се подготвија да одат во штабот за да утврдат што е правилно, а што не.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Но истовремено во градите потчувствува стрежење од некој страв: неговиот „швалерски“ неуспех би му ги затворил вратите на оваа за него толку важна институција за неодредено долго време.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во исто време дојдоа куририте и го викнаа командирот Леко. Тој отиде со некој страв.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ме запре со некој страв и радост што ѝ стоеја заедно на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)