некој (зам.) - спокојство (имн.)

Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го фатив погледот на татко ни и во истиот момент ме облеа некое спокојство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некое спокојство, измешано со сонливост и умор, го плави однатре од утробата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Всушност и не беше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)