некој (зам.) - списание (имн.)

СЕ СЕЌАВАМ на една мала приказна што сум ја прочитал одамна во некое списание за деца.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На ѕидот имаше обесени низи пиперки и слика на гола жена, исечена од некое списание.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Всушност, не го користев само рокенролот за таа цел, ќе одвртев и опера од радиото, или ќе го вклучев ТВ-то (втишувајќи го до даска) - а, ако тоа не ми беше доволно, ќе отворев некое списание и го прелистував додека сликав.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со право, ако навистина мислат да направат така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)