Нема фаули, ама за да ќарам минута-две, се грчам на теренот и пуштам по некоја солза.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не кладовме метро ниту на момче, ниту на мома - сите со едно метро и на сите рамно им фрливме свежа земја со по некоја солза скришна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мотив број 23, плус мотив 124, плус 694, дава сочна љубовна мелодрама на која дури и најтврдите пуштаат по некоја солза.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Па се чудеше зошто Бошко се насолзува, па и самата проронуваше по некоја солза, зашто дечињата што ги везеше нејзе најмногу ѝ ја параа душата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги собра во една торба најпотребните работи, одрона некоја солза на вратата од убавиот, туѓ стан, во кој така убаво презими, и со злоба во срцето излета од гнездото и побегна в поле за да не се врати никогаш веќе.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)