некој (зам.) - сила (имн.)

Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Масата на фракталот расте пропорционално со Р, кој е степенуван со некоја сила Dm, која не е цел број.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некоја сила постојано одржуваше рамнотежа на нештата, едно против друго, навечер работите се одвиваа вака - олеснување од претрпената болка, удобност од вознемирувањето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едо, здогледувајќи ѝ ги нозете над коишто високо се вишеа нејзините рамена, почувствува во себе некоја сила што чиниш сакаше да го фрли кон неа како ѓулето од топовската цевка кога ќе прсне капислата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некоја сила што не може да се обузда, го држеше, сеедно е тоа... само тоа одвратно треперење на телото...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некоја сила, што не може да се обузда, го држеше и го тргаше телото однатре.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стариот е уплашен и збркан, некоја сила го турка надолу во бездната.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И нив, како и луѓето, ги тера некоја сила да се бијат меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сегде можев да свијам гнездо или да ги оставам коските, но некоја сила ме влечеше ваму... ми даваше кураж во сите таксирати...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мрак. Нема будење, нема воскрес. Мрак. Нема будење. Мрак, глувота.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбудив од својата смрт многу подоцна и на неколку чекори од заодот над непознатите ридишта над кои гракаа врани или пропаски со попусто тргање на крилјата за педа да се подалеку од местото за кое ги држеше некоја сила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во неа се крие некоја сила што не ми е позната.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А веќе ако дојде дотаму да ја присили со некоја сила, таа немаше што да се плаши и да се чувствува одговорна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тогаш веруваме во некаква моќ во нас, во некоја сила, можеби тоа е Бог! – Убаво речено, мила! – И почувствувано, мили!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)