Зар сè што беше нејзино ѝ го презела од Аванос?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вѕирајќи се низ прозорците надвор, следејќи ги промените во природата, гаснењето и обновувањето, на Мил мислите му шетаат многу назад во времето пред неколку милијарди години кога земјата била пуста безживотна планета: ги гледа во мислите вулканите кои исфрлуваат лава на сите страни распрскувајќи ја како огномет, како некое славје, како некоја радост што таа вжарена магма започнува да ја создава првата жива клетка, првата жива материја на земјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Не ѝ го знам името, но радоста е тука, помеѓу нас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Кога ќе ми се сопие, вели, ме фаќа некоја радост, некоја чудна широка радост, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Семјоне“, му реков на татко ти за да го одоброволам, „можеби твојот Иван Степанович и не го заслужува сето ова, но јас еве, се чуствувам почестена од некоја радост.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Отпрвин ја фати некоја радост дека сепак не е сама во градот, но веднаш забележа дека таа има впечатливо издолжена сенка што се простираше речиси до неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Некоја радост ме поткрева над земјата и ништо нема да ми запне, да ме препне. Сѐ е рамно, полно и недогледно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)