некој (зам.) - планина (имн.)

Постојано во границите на својата татковина Гоше доцртуваше по некоја планина, по некоја река, по некое езеро, по некој остров.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Воздивна: економ на градилиштето во некоја планина, економ меѓу камен, гуштери и ноќни ветрови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Манастирот не е никаков граничен објект, како што е да речеме, некоја планина или река, па тој сам за себе да претставува природна граница, - рече Италијанецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Оммм...“, шумот на реката се продлабочува, како да доаѓа оддолу, од клисурата на некоја планина и писателот веднаш го препознава гласот на жената на својот живот, кој се преплетува со гласовите на реката и таткото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За сите нив и, особено за комшиите, тој стана писател. Разговорлив писател.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој не пушта глас, ама Чана се подмрднува на едната страна во вратата, им го ослободува поголемиот дел од празнината во која ќе се мерне ту пасамок магла, ту црна валма од главата на возот, ту во далечината снагата на некоја планина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бил некој си Гога, овчар во некоја планина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако не постои желба да се искачиме на некоја планина, нема ни да се искачиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Некоја планина ми седнува на раменава, вели Јон, и ми тежи, ме снижува надолу.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас пак сѐ по некои планини се качувам, вели, Мисајлејца Прпушоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)