Согласно таквите процени на состојбите на Балканот, тие укажувале дека „пактовите и договорите, особено оние од ексклузивна природа“, би требало да го причекаат времето на стабилизирање на политичката ситуација и на воспоставување рамнотежа меѓу балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)