некој (зам.) - обврска (имн.)

Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државички, откако ќе им се дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Знаете, јас имам некои обврски околу работата, - се правдаше Рада. - Ни збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И тоа само во оние мигови кога се појавуваше пред влезот на зградата, вјасајќи да сврши некоја обврска за малечката, а најчесто за внуците на баба Петра и дедо Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)