А и ако на некој друг свет се оствари правдата за она што било изгубено овде, ако таму на онеправданите им биде вратено она што овде го изгубиле, тоа не е враќање на исполнувањето на животот, тоа е само утеха: она што во еден миг е изгубено, никогаш повторно не може да се надополни, затоа што изгубеното било потребно токму во мигот кога исчезнало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„На овој свет нема правда. Ниту една казна не може да исправи некоја неправда, затоа што минатото не може да се измени и онеправданите ќе останат со својот губиток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)