некој (зам.) - настан (имн.)

По разговорот за ова, за она, за лошите услови во кои живееме, за смртта на Лена, по распитот за нашите селани кои се тука, на крајот посегнува по куферчето и од него измолкнува дваесет и пет листа испишани со негов ракопис: за селото, за некои настани, за разни луѓе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ни со минувањето на годините, луѓето, во света на Ибраим Ибраим, не го губеле вистинското значење и биле и останале за него носители на едно време и, во тоа време, на некој настан, неповторлив за никого и нигде. Никогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира, сите овие нејасни објаснувања беа делчиња од некои настани за кои не бев ни сигурна дека се случиле, но и да бев дури и поглупава ќе дојдев до истиве овие заклучоци што дури сега ги кажувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)