— На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Светлината околу мене, каде и да погледнам до каде и да видам е меко сина, а во тоа синило како да здогледувам едни бели дамки, исто така меки, скоро кадифено бели кои истовремено ми влеваат некој страв и некоја надеж.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ѕидовите на ходниците беа обоени со весела жолта боја, како порака дека има некоја надеж за тие што ќе влезат тука.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Чекорите му биле нерамномерни додека чудно одмавнувал со нозете во лесни опинци повремено обидувајќи се со слаби скокови да биде што подалеку од тој пекол на бучава, ѕвечење на јатагани и ножови и секакви пцуења или офкања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некоја надеж дека ќе поживее и ќе се исправи од јагнешки кожи крај огниште да се одмаздува со нова крв во жилите го движела висок и со прерано изгорен тил од сонце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неделко Шијак последен сфатил. Еднодушната мисла на другите се разлеала по сета негова снага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Поверувал дека некоја надеж му го измазнува лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На некоја од прелистуваните страници, Мајка, низ читањето, очекуваше да се појави некое зракче светлина, некоја надеж за да излезе од лавиринтот на осаменоста, да открие каде запрел Татко кога бил жив, а каде би можел сега тој да продолжи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)