некој (зам.) - мака (имн.)

Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Белки не те јаде некоја мака? Извини, што те прашувам вака отворено.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И вие имате некоја мака, продолжува да потпрашува момчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На татко им од ковачкиот мев му поцрнала кожата и од некоја мака која постојано го кини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мојата сестра Чана има некоја мака ама немаше храброст да ја претвори во зборови!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како да се лути за нешто, или, не дај боже, има некоја мака?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И не знам зошто, ама некоја грутка ми го стегна грлото, градите ми се скаменија од јад и некоја мака, некој голем с`клет ме фати по тие наши пусти и крвави планини...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама ко таа, ко не таа. Бевме една врст, другачки, И таа беше дошла по некоја мака во Битола. 219
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жена му рече: „Да не имаш некоја мака, Хернандо?“ „Си. Патот. Нешто големо се случило. Мора да е нешто големо штом вака опустел патот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)