некој (зам.) - кафеана (имн.)

По тротоарите, широките тротоари речиси е тешко движењето, зашто тие се преполни со луѓе, деловни и туристи секој брза да појде или во некој магазин за купување или пак во некоја кафеана и ресторан или пак во безбројните бистроа, слаткарници, продавници на сувомеснати производи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе ќе одговарало за некоја кафеана.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По примената инфузија ќе собереше сила, па ќе седневте во некоја кафеана на чорба и муабет, како да си здрав.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)