А и на Камилски кој си го носеше од поодамна својот недолечен чир. ѝ олесна и на Мајка, кога се смири куќата од секојдневните расправии на двајцата пријатели, понекогаш дури и остри, кога не успеваа да ја најдат рамнотежата на двата различни јазици, во некој збор или во некоја идеја.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Левицата, впрочем, денес секаде ја игра таа улога: правдата на левицата повторно вдахнува со некоја идеја за правда, некое барање за логика и општествен морал, еден гнил апарат кој се распаѓа, кој ја губи секоја свест за својата легитимност и скоро самиот од себеси се откажува од функционирање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Изгледаше дека кога станал утрото, добил некоја идеја, а остатокот од денот го поминуваше развивајќи ја - тогаш, на пример, застануваше по еден час и штом пак почнуваше да говори, тоа сигурно беше додаток на развојот на неговата идеја или нејзино расветлување од некоја друга страна, секако, без оглед што сте зборувале во меѓувреме.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неговиот начин на размислување беше крајно систематичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Има ли некој идеа, освен да кажува жалопојки? Или на пример идеал!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа е некој вид размена или интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Гледајќи што не е „разговорот“ можеме барем да добиеме некои идеи за тоа што значи зборот и како да го употребиме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не мислам дека свесно се групиравме околу некоја идеја, иако веројатно бевме групирани.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Некои идеи имагинацијата му ги оформуваше во конечни дела што само треба да седне да ги запише и расказот или романот да му биде готов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Морате да дадете сѐ од себе да ја согледате карактеристичната еротска вредност на секоја потенка точка од таа мажествена изведба – да го дофатите точното значење на онаквиот двиг, на ваквиот чекор, на онаквиот говор, на ваквиот склоп од плеќи, на онаквоно кимање со главата, на онака потстрижениот тил, на ваквите тренерки, на ведриот флерт со други мажи или на отфрлањето на некоја идеја зашто била приглупа.
Мора да определите (со должна почит кон Ричард Дајер) што „има“ во фризурата.
Накратко, дадената општествена форма мора да ја сфатите во сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поради сево ова никогаш не се срамев да побарам некоја идеја од него.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)