некој (зам.) - играчка (имн.)

Видов како се движи меѓу луѓето, ја видов нејзината црвена чанта налик на нишало од некоја играчка, како ја подигнува главата за да ги прочита натписите, двоумејќи се за момент, за конечно да се упати налево, а налево е излезот што избива на улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, од каде можеше Ринго да знае дека тоа ќе ти било некоја играчка направена од убав, мек материјал?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа заедно со некоја играчка Маде ин Хонг-Конг, беше главниот трофеј со кој што се враќаш после десет дена одмор кај втората страна од привремената спогодба.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Но сетувајќи дека постарата сестра ја стрелнува само со крајче од окото, придава: - Си можела сепак, Мими, да му донесеш некоја играчка, барем од две илјади динари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако јас гледам некоја играчка и при тоа го спомнам моето малечко, тебе ти станува здодевно, тебе тоа те разлутува, заради тоа што ти си се договорил самиот со себе дека поминале три години и време е да се заборави.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)