некој (зам.) - езеро (имн.)

Манастирите со сета своја раскошност се издигаат покрај некое езеро, река…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постојано во границите на својата татковина Гоше доцртуваше по некоја планина, по некоја река, по некое езеро, по некој остров.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во сонот се виде себеси на некое место целото облеано во белина, а некаде ем далеку ем блиску некаде, гледа еден пат како право се искачува косо кон некоја нагорнина и знае дека кога ќе се излезе таму горе на рудината се излегува над некое езеро со сина вода како да не некое море.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)