Не го газеше белото платно, одвреме на време ставаше по некое дрвце во печката, и облечена така како кога одеше на работа, времето го поминуваше крај масата со неколку бели листови пред себе во обиди да напише писмо до Добра или до Чана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Шишман ја здогледа, стана, се разврте околу себе да најде погоден камен, но меѓувремено Србин ми ја истера фрлајќи некое дрвце.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се потпираше со грбот на некое дрвце, тргаше на лулата и гледаше во огромното небесно синило над себе, во блескавата ереска вода во далечина, гледаше во зелената шума наоколу, го слушаше пеењето на птиците, шумот на водата што се спушташе низ брегот - и си замислуваше како ќе изгледа бањата што ќе биде изградена овде кога ќе запре чадот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Ване, стани сине, донеси некое дрвце однадвор! - пак се слуша гласот на мајка му.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ќе видевме некое дрвце и викавме: Ене го детето, му ја видов ногата или главата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И тогаш со некое дрвце ќе го отвореше долапот и ќе ни ги истуреше пуканките на софрата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)