КАТА: Како би било да направиме вака, да вечераме и ти Анѓеле, да си одиш сам вечерва дома, а ние утре, кон некоја доба, од како ќе поујдисаме, кон ручек да дојдеме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
На таа планина, во обрач на шуми, карпи и облаци, бегајќи како и неговите жители од насилноста на султановата семожност, се приврзало со корен у судбина Крушево, во изговорот на старите поначесто Крушоо или Крушово, град во некоја доба, во илјада деветстотини и третата со име Република, прва на полуостровов балкански и, за историјата, најмногу од сите други републики во масивни обрачи на кралства, царства, књажевства.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мислам дека во некоја доба ме пробуди глас што пред тоа го немав слушнато, но веројатно беше мојот бидејќи открив дека плачам во рацете на другарката Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)