некој (зам.) - гранка (имн.)

- Е, кога сме кај рацете, во овој миг посакувам тие да фрлат некоја гранка во огнот кој полека се гаси. - се насмевна Ивона на која капата ѝ го покриваше челото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе видеше дека некоја гранка му се засушила, се натажуваше, му ја пресечуваше со пила и местото му го премачкуваше со восок за да не му остане рана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се веднеше за да собере некој овенат лист, или бубачка, или да откине некое гранче зафатено од лисни вошки, или да го собере ѓубрето околу коренот на растението ако се сомневаше дека тоа не се храни доволно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Слушна како топката удира во некоја гранка, а потоа еден долг шум што значеше дека снегот се рони од затресените гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некоја гранка ќе истрпне и ќе истресе малку од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш беше борба кој прв да се качи на дрвото и немавме насит, а сега потскокнуваме од долу да фатиме некоја гранка со две три црешички на неа, додека со другите горе ги храниме чавките...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Светлината од светилките на терасата се слеваше со првите сончеви зраци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)