некој (зам.) - година (имн.)

Тој раскажува за неа, по некоја година, да не си ја скршеше ногата, уште ќе живееше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По околност што некоја година престојувал во Мелбурн, зборуваше по некој збор англиски и му се стори важно со мене да зборува на тој јазик, бидејќи јас сега, поради треската, изгледав бледо и нежно, и уште свежо избричен и облечен во ново, токму како странец во Маказар. „Јес“, повтори тој, „егзектли, точно за гараж!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уметникот во новата, комуникациска ера веќе не си е, како некогаш, доволен самиот себеси затворен во својот микро-свет, туку сега е граѓанин на светот, отворен кон сите култури, традиции и индивидуалности во интеракција. (што не значи дека „изолираниот уметник” е мртов - бидејќи уметноста сепак е осаменичка работа, а мејл-артот само разгорува некои стари жарчиња за односот меѓу уметникот и светот - туку само зборуваме за доминантни модели, како во животот така и во уметноста, како во комуника­цијата така и во творештвото, сè повеќе разбирајќи дека сето тоа е исто и дека она страшно осамено, тогаш, Life = Art на Дишан, денес е толку секаде-присутно што, веројатно, за некоја година, како реакција на „промискуитет­ носта на информацијата и уметноста” ќе се појават „Новите езотеричари” кои, како некогаш алхемичарите, ќе се обидат да сокријат, да сакрифицираат одредени зони од знаењето, иако процесот е толку залауфан што...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Од пред некоја година, кога чита ноти, таа носи тркалезни очила со тенка метална рамка што ѝ додаваат на возраст.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со текот на годините мајка му се повлече дома, се зафати да се грижи уште повеќе за помалиот син, но овој, несвикнат на работа, брзо се даде по ашикување и уште побрзо се ожени со некоја унгарска монденка во новиот темен костум на риги што му го соши брат му за „велика матура” склучувајќи, како што слушнаа од добри луѓе кои доаѓаа од Преку8, граѓански брак во некоја од општините преку Сава.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И така, ден по ден, сè додека Јехуда Давидовиќ не дотурка до полнолетство, и работејќи деноноќно, не фати побрзо да напредува во занаетот, не стана калфа, а по некоја година и самиот мајстор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако го знаеше Баге, тој - постар од него за некоја година - работеше во радиото, дали во студиото или на предавателот, како техничар: и во српско, и во бугарско, и сега во македонско време.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Тука пред некоја година најдовме жолтица! - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А по некоја година, две или три откако сме се ослободиле, дошле нивните преживеани другари, им ги откопале коските и ги пренеле, ме разбираш. За тоа веќе ти кажував.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нивниот ридски спокој, во пролет, кога се обрастени со ниска и сочна трева, од памтивек па сè до крајот на последната Голема војна, и некоја година потоа, (пред што луѓето беа натерани во колективи, и пред што, потоа, откако властите ги растурија колективите, емиграцијата ги изгони по градовите и низ светот), го нарушува мноштво стада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Уште од 1970-тите, како што веќе видовме, геј-мажите си прават генерациски споредби во своја полза помеѓу убаво приспособените геј-тинејџери или луѓето по дваесет и некоја година, кои немаат потреба од геј-култура, и оние, постарине кралици што ѝ се фанатично приврзани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од 1970-тите наваму, ако не и од порано, геј-мажите имаат обичај да прават злонамерни генерациски споредби помеѓу геј-момците што се тинејџери или што имаат дваесет и некоја година – современите, ослободени, просветлени, напреднати, „сосема нераспознатливи од стрејт-момците... [и] крајно спокојни што се геј“ (како што напиша Ендру Холеран во 1978 г.), кои сосема добро си се вклопуваат во главнотековното општество, кои никогаш не доживеале хомофобија меѓу врсниците, кои не се гледаат себеси како припадници на никаква геј-заедница и на кои не им треба никаква геј-култура, од една страна, и три-четириесетгодишните (или дури и постари) геј-мажи, заглавени во некаква фанатична верност на некаков демодиран, застарен вид геј-култура, убедени дека тоа е единствената геј-култура што постои, задолжителната култура на секој што, ете, е геј.42
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За кутрине геј-мажи што имаат триесет и некоја година, кои наводно се држат за старомодна и веќе бајата верзија на машката геј-култура – верзија на машката геј-култура што не му значи ништо и му е неупотреблива на некој што е тинејџер или што има дваесетина години – очигледно се истине што, само некоја годинка пред тоа, впрочем, биле исти онакви тинејџери пионери и ги проодувале првите невини чекори во бодриот нов свет без хомофобија, несвесни за геј-културата и индиферентни кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дознав за неа дури кога морав да загреам столче за да можам првпат да го предавам предметот „Како да се биде геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“ Ќе имав ли некаква корист да знаев на времето – како што разбрав дури по некоја година – дека, како што самиот кажал, „хистерично залипал“ штом, поради моето добро дело, ги слушнал првите акорди од песната кон која, само ден потоа, ми покажа онолку длабок презир?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас на возраст од околу триесет и некоја година, поточно имав триесетипет.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А беше вака: Најпрвин ги собраа младинците од седумнаесет до дваесет и некоја година и не поминаа два или три месеци ги собраа и девојките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само уште некоја година, само уште малку пари и ќе отвори свое студио...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа стана, си ги избриша очите и од телефонот што пред некоја година го ставија во куќата се јави некаде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како воопшто и да го немало сето тоа изгубено време на еден живот – цели триесет и некоја година од неговото постоење сега во главата му поминуваат само како испресечени далечни слики.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се бесеше и докажуваше невозможности: месечината е глава со очи и уста на некој господ, во големите реки живеат луѓе со жабри, мраморната жена без нос што некој ја ископал зад гробиштата на Кукулино еднаш ќе оживее.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело и од подалеку да се види дека е погрд од својата вчерашна грдост, онаков - ненаспан и недоверлив, повеќе со намера да предизвикува отколку да заштитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само неколцина, меѓу нив и покајнички смирениот Богоја Гулабарин, останале будни, со нив и тројцата раненици на три двоколки ослободени од лесновските камења.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него стоел неговиот шестгодишен син со обетка на левото уво; косата, како и кај таткото, почнувала од веѓите; уште некоја година и од ушите ќе му пробијат влакненца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколку вдовици сакале веднаш да појдат со расплетени коси и да ги побараат пресните гробови на своите луѓе, да поклечат со наведнати глави и со запалени борини над покојниците, да ги прекорат што ги оставиле самохрани и со нејаки деца, да ги обележат местата со нишан што ќе се памети, еднаш, по некоја година, синовите или браќата или тие самите со кош да ги пренесат коските на мачениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше четириесет и некоја година и со секој чекор подаваше рака со лице на налутен пророк.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас, сепак, ќе почекам да дојде она старо време кога кафеаната подразбираше густ дим, низ кој го бараш и тешко го пронаоѓаш избраникот да заигра со тебе, или барем до тебе, па девојчињата твои, кои за некоја година ќе бидат „нечии“, па нивните посилни половинки, па уште некое мило мало.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Приказната не ја пишувам за да разжестам некого, но со признанието на еден Поко, кој, не знаејќи дека гледа една моја снимена лента со материјал од свадба во 80 и некоја година, а во присуство на еден Цанко и еден Роланд изјавил: „Еј, јас сум ’намбер 1’ во монтажно снимање, ама овој е подобар и од мене!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Абе здравје за некоја година, да присоберам пари, па ќе земиме нешто ПОГОЛЕМО.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еден комшија го гледал пред некоја година на кино, вели добра работа. Ај да видиме.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Полека, за тоа треба да накалемам уште некоја година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Коа приближило близу, шчо да мојт да се досегнит, стопанот го грабнал и му рекол: „Али глеаш и ти, шчо леташ толку високо, в' облацине, од рацете мој не мојш да куртулиш?“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури стоет глаа на рамена ти немат да умриш; туку за да видиме шчо ќе прајт брат ми, ако ме видел умрен, да пратиме на раскрсница луѓе, да вардат и, коа ќе се појавит, да ни кажат; а мије да се наручаме убоо и, коа ќе си идет, да ме покријеш со еден покроф, да ми запалиш сфеќа над глава и ватиш да ме тажиш!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тоа мислејќи се, са ноќ не сум заспал и се предумаф да те помола тебе, да се мениме со работиве: ја' некоја година да поседа дома, а ти да поеш на мојата работа!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По некоја година кучето се изгуби; го бараа со денови, го бараа на сите страни, го бараа и во селото и во околните села, но не го најдоа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
” Татко му му вели: ”Дедо ти ја остави баба ти кога замина по работа, но не ја заборави, се врати по некоја година...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Низ историјата на филозофијата, тие секогаш биле наменети за некои поупорни и од мене потрпеливи луѓе, ако се земе во предвид дека тоа прашање останало нерешено од некоја година пред новата ера, па сè до денешен ден.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Парадоксално митот за Југославија живееше повеќе во неврзаните земји како Египет, Индонезија, Индија, Алжир, Зимбабве, Гана или Тунис, отколку во самата Југославија, која веќе беше во урнатини, одрекувана, дијаболизирана, проколнувана.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Синовите и дијаболично се пресметуваа со својот татко со кого живееја речиси еден мал човечки живот, немоќни пред разулавената југословенска армија, која со изгубената политичка команда го започнуваше по некоја година смртоносниот братоубиствен марш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постоеше извесна симболика во тоа, зашто и нејзиниот сопствен маж беше испарен пред некоја година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Александар не го познаваше јатакот на Бојана, но горе – долу го знаеше неговиот син, Тоа беше момчето кое пред некоја година му беше водич низ ЛОЈАЛНОСТ ДО ГРОБ, кога ја правеше репортажата за населбата по налог на Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пред некоја година за Велигден бевме на неколку дена во Маврово.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како да беше заборавила за што беше дојдена, па почна да плаче и да ми раскажува за смртта и болеста на мајка ѝ која починала пред некоја година - на осумдесет години.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Интимно во себе многу се изнервирав од оваа посета, па ти умираше на педесет и некоја година, а оваа тука место да има почит кон твојата болест ми зборуваше само за нејзината тага, за мајка ѝ.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Иако, скитајќи некоја година по светот, бил оптимист, а имал и можности да стане свој човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И Дукле најпосле се реши: ја зеде. Помина некоја година и Дукле чекаше да роди Кала но попусто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дедо им Диониш понекогаш на долго и на широко им кажуваше за Света Гора, ама раскинато, без ред, додека мајка им, исто така не одеднаш, туку расветлуваше по некоја година од тоа време.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Македонциве имаат утабано стаза по која мора да се помине за да после некоја година се допре благодетното и бериќетно небо...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Китан го осудија на робија; издржа некоја година, но кога дојдоа Австријанците, ги отворија затворите и Китан се ослободи; за да не дојде до повторни караници и тепачки, Китан се тргна настрана и изгради куќа на лединката под каменоломот од Танаил; и немаше веќе расправија меѓу нивните семејства, сè додека не почнаа експлозиите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас, на пример, морав да кружам наоколу со месеци, а можеби и некоја година згора за да наидам на една од личностите што била заточена во безднава во далечните времиња на османлиското ропство по наредба на тогашниот скопски бег и кадија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Времето е доктор и за некоја година, кога ќе се смират страстите, можеби повторно ќе се воспостават билатерални односи и пријателство без граници.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
А вистината беше вака: Пред некоја година, еден есенски ден ја преминував улицата сосем нормално, на пешачки премин, првин поглед на лево, па на десно - по сите правила и прописи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе те видам за некоја година кога ќе ти секне пензиичката.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За некоја година Ведан ќе влезе во пубертет и ќе треба да бидеме многу попретпзливи со него.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога тајфата, по некоја година, се вратила во Влашко, Коте Клунков беше рекол дека другпат секого ќе го земе со себе на печалба, само не Петрета Маљанов.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„За утеха, останува само едно нешто. Останува за планетата Земја да водиме сметка така како што поединци умеат и можат да се погрижат за здравјето на своето тело и својата душа за да го поминат животот без болести, здрави и весели и со надеж дека најверојатно ќе поживеат некоја година повеќе, со добра сетнина.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)