Кога наутро се миела, ги затворала очите да не би, случајно, да се огледа во некоја капка, во некое вирче, во некое браздиче.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Загазуваше во некој вир со највалкана вода, се прскаше со неа, ги прскаше и другите деца. чантата со книгите ја фрлаше каде што ќе стигнеше.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кој каде да одеше, сите се стечуваа на плажата, каде што меѓу камењата во водата и корењата на дрвјата ќе се најдеше по некое вирче ситна песок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)