некој (зам.) - бомба (имн.)

Во кино би можела да пукне некоја бомба, велат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа главата, аре, како однатре да му пукна, како некоја бомба и тој мозокот со крвови му се распрсна, му ги покри на Томета не само градите по кошулата и по бечвите, туку и лицето.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Одвреме навреме ќе рикнеше по некоја бомба.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Продолжувајќи да длаби по тие зборови, тој можеше да црвенее, мислејќи на оној ден, кога отстапи, оној ден, кога откажа да биде бригадир, кога ги тресна од земја документите за во Партијата, кога не откаса никаде ни збор за тоа, и кога довербата му остана откината, исто како што може експлозијата од некоја бомба да им ја однесе во војната на луѓето едната нога, или едната рака, и да ги остави сами без неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но кратко потоа долетаа други и фрлаа некои бомби под кои сѐ гореше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)