Секој човек си има по некоа мана и по некоа болка, токо нека се живи пријатели, има болести, има и лекови. Ако к'смет ќе а лекуаме таа болес ваа вечер.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И мелодијата појасно и посилно трепереше во мрачнината и го копкаше тажното чувство во него, разбудуваше и растопуваше некоја болка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ти бранат без лозинка да зборуваш, ти бранат и да офнеш, на некоја болка да се оѕвиеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборави да му се пофали на чичкото дека татко им е мајстор, најмајстор, дека може сѐ да поправи, дури и гласовите на луѓето што зборуваат во кутиите, ама си има човекот некоја болка во мевот или во срцето, така вели, е неа ја лекува понекогаш со ракија, ама не, не, не се опива.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И потоа го слушав бавното дишење со кое како да поттурнува некоја болка која ѝ стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постои ако постои вака, и среќна е сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа ја совладува уморот создаден од обидот да се справи со звуците; пискотниците и криковите во психијатриската клиника Гнездо како да се оддалечуваат од неа, како да доаѓаат од далечината, и повеќе не се човечки гласови, туку звук кој го создава ударот на човечката болка, претворена во гнев, по гонгот на судбината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Или само бавно дишат, и со тоа вдишување и издишување поттурнуваат некоја болка која им стои во градите, тоа е една грутка која го има обвиткано прашањето зошто воопшто постојат ако постојат вака, и среќни се сѐ додека таа грутка е сѐ уште околу таа мисла, затоа што мислата, соголена, без таа грутка околу неа, би била неиздржлива.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа ги совладува уморот создаден од обидот да се справат со звуците; пискотниците и криковите на психијатриската клиника Гнездо како да се оддалечуваат од нив, како да доаѓаат од далечината, и повеќе не се човечки гласови, туку звук кој го создава ударот на човечката болка, претворена во гнев, по гонгот на судбината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тупотам со пиралката по алиштата, мавам со сета сила, а од мене, чувствувам, истечува некоја лутина, некоја болка, срцето се бистри.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)