некој (зам.) - ти (зам.)

Но кога некој ти одбројува од шеесет на семафор мора да бидеш концентриран, една стотинка одложување при поаѓањето може да те кошта колективна клетва. 33, 32... вратата на Мерцедесот се отвори и возачот излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Само јадење не барај ми! оти таа знае дека не е на арно кога некој ти бара јадење.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога знаеш дека некој ти зборува, едноставно знаеш.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако некој ти се приближи, на пример ако дојде на 10 стапки од тебе, речи, „Вешто ракувам со полуавтоматско оружје.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се преселив да живеам сама, брат ми ми купи пиштол затоа што кога жена живее сама треба да знае да се одбрани. Нишани во колениците!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А само чекор потаму се сторивте двајца некој ти се придружи; привид или сенка, штотуку излезена од вратата на сонот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)