Уште и пар зборови за денешните девици што ги изложуваме пред вашите (творјански) монструозни очи: Вулкански во меѓувреме стигна начисто да се прешалта на македонски и дури објави (специјален, луд!) речник на македонски зборови, за цело време шетајќи низ градот со своите три црвливи маски и не вадејќи го од уста неговиот неприкосновен херој Даркмен, а потоа и Дишан (три маски), Џојс (забележете какво огромно влијание врз трите писма на Вулкански има тој апсолутно најдобар писател во 20 век!), Набоков, главно сѐ некакви џиновски фалсфикатори.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Петре го виде тогаш панаѓурот сметен божем од некаква џиновска метла, а тезгите и редиците сермии претворени во долги миндери со најшарени шари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Фала му на бога, можеби тоа се должи и на фактот што Филонус (кој ионака, трепкајќи во оваа рубрика, одвај и да постоеше) дефинитивно не постои.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)