некаков (зам.) - црвен (прид.)

Таа негова прдоречивост, односно говорење, имаше некаква црвена фреквенција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа надоаѓаше во неговото тело во некакви спори налети, од кои се чинеше како по сета кожа да му избиваат некакви црвени безболни пликови, беше свесен дека тоа мускулите во него умираат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Напатените уморни очи на мајка ѝ, веќе прекриени со некаква црвена тенка копрена, често, уморно, се загледуваа во Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но веќе во следниот миг го гледа деда си како стои некаде, не гледа на што стои, и само со очите мрда, а очите му растат, растат, стануваат големи и дедо му веќе го нема, само две очи треперат, па се претвораат во птици, а птиците летнуваат и летаат, летаат кон некаква црвена точка, а точката расте, расте и сè станува црвено... ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Тој батка работеше во циркус и тоа беше настан како кога човекот првпат проговори од стомакот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше некаква црвена нијанса во тоа разденување, по што не му беше тешко на момчето да заклучи дека преку ноќта небото се изјаснило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)