некаков (зам.) - нов (прид.)

Почитта што еден ваков проект ја буди и неговото значење весело преминуваат од технолошки проблем кон иделошко достоинство. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исходот е забележителен: голем квалитет на извршување, вистинско руско уметничко дело кое го поставува прашањето на некаков нов естетизам наспроти изјавите на авангардистите од 70-тите и 80-тите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа концепција им дозволува не само да го прекријат со валенкис воениот авион, осмислувајќи го на тој начин, придавајќи му дополнителна димензија, туку им дозволува и да го „спуштат“ во позната и призната галерија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Често се обидував, од лекарите, како и од братот медицинар, набрзана да навлезам во некои медицински тајни, во потрага по некаква нова можност Татко да живее што подолго.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мнозина ќе речат оти моите утврдувања за некакво ново течење во развивањето на националното самосознание сред Македонците е само мистификација на неколцина Македонци, но дека таа мистификација нема под себе земјиште и затоа како што се имаат скоро појавено на белиот свет, исто така скоро ќе исчезнат од него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во последно време, речиси како некаква нова идеолошка матрица, во ова безглаво тетеравење кон (национален) идентитетет, главно допирајќи од центрите „што произведуваат свест“ (читај МТВ, „Нова Македонија“, некои издавачки куќи), се слуша отприлика следнава конструкција (која неинвентивно, во разни варијанти, неуморно се повторува каде ќе се стигне): „Македонија можеби е мала, кревка, дипломатски и политички недоволно „шлифувана“, но затоа пак македонската култура е сосем рамноправна во светот, гордост на мак. народ.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред нас е свет на одредена мода; тука се “cultismo” и “conceptualismo” на епохата, прециозноста што се стреми кон образованост, елегенцијата, перспективизмот, но и лавиринтиката (запчаниците долу десно), она “заклученото” (вратата во заднината), синкретизмот (регалот со книги), гротескното (фигурите на десната страна на машината за читање), декоративно-фантастичното (самиот склоп на машината), изолираноста во лудилото на знаење, духовната загуба во светот-затвор (зад три тешки брави), што е, белки, некаков нов, “техницизиран” симбол на Сатурн, но и амблем на безнадежната љубопитност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Отпрвин на Арсо му се стори (и тоа го зачуди) дека сите овие дрвја забодени со врвовите во синевината се бесилки, некаков нов и затоа непознат пронајдок за умртвување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А зошто, имате ли вие некакви нови вести?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поради тоа ќе треба самата да измислам некој нов термин, за некаква нова болест што ќе ме карактеризира само мене (хмм... којзнае дали ќе можам, дури и свински грип измислија), ... и јас, така да речам, ќе бидам основачот на таа болест.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но кога го видоа чадот, а потоа и пламенот до небо, и двајцата вомјазено се погледнаа: – Решиле живи да не печат, а? – праша Трајко и како некакви нови сили и кураж да доби во себе, па продолжи: – Ако, оче,ако!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вистинскиот амбасадор, според нејзината замисла Бев уверен дека, изневерувајќи го предодредениот татков пат за судбината за патот на спасувањето на своите чеда на Балканот, јас како да го вложував сиот живот во неговата утопија да најдам некаков нов излезен пат во кој ќе ја дооткривав сложената таинствена тишина во неговиот живот, моќта на премолчување кога опасноста најмногу демнеше во меандрите на неизвесната балканската судбина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го читам и го препрочитувам натписот и се прашувам: дуваат ли веќе некакви нови ветрови?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Им ѕиркам во дното на душата низ очи: сенката е магијата на квадратот, удира егзија некаков нов геометриски знак, изместени се местата на играчите, страните на светот, правилниот распоред на редовите, дијагоналите, коњите, војниците, идеалот на магичниот квадрат за четворица и воопшто направена е материјална дигресија, чисто предавство на знаковната интервербална комуникација со слика, збор и звук.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се повлекувам уште повеќе во аголот, го повлекувам потегот, може ли се да вратам назад, си велам, велам на глас, а го слушам ехото, екотот на забрзаната цивилизација што сложно ми вели: Не! Нема назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Целата природа се будеше. Поточето во долот жубореше некаква нова мелодија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)